Top Sport

Мурињо: Мојот Интер беше „најголемиот“ во историјата

Жозе Мурињо признава дека му било тешко да си замине од Интер во Реал Мадрид, а додава дека го користел „егото“ на Луис ван Гал да ги победи Баерн Минхен.

Португалецот имаше историски успех со „нераѕурите“ кога во 2010 година ја освои тројната круна – Лигата на шампионите, скудерото и Копа Италија. Финалето во 2010, во кое тој го совлада Баерн Минхен, се играше во Мадрид, а тој веќе имаше договор со Реал.

„Морам да признаам нешто што досега не сум го кажал. Причината поради која не се вратив во Милано по тоа финале е бидејќи ако дојдев таму никогаш немаше да заминам за Реал Мадрид. Сакав да избегам од емоциите, воопшто не се симнав ниту во соблекувалната бидејќи немаше да се контролирам. Веќе направив одлука да одам во Реал, иако немав договор. Да се вратев во Милано за прославата ќе се предомислев. Ми недостасува тоа време. Освоивме три титули за 15 дена, а Диего Милито постигна четири гола. Тоа беше историски успех“, вели Мурињо.

Околу финалето, тој вели дека добро го проценил тогашниот тренер на Баерн, Луис ван Гал.

„Го познавав Ван Гал, знаев дека неговото его ќе биде предност за мене. Финалето беше освоено пред да излеземе на теренот. Направивме нешто уникатно и потоа се создаде вечната врска со овој клуб и оваа земја. Интер во 2010 не беа само најголемиот Интер во историјата, туку и тим со најголем успех во италијанскиот фудбал. Тие фудбалери се икони“, објаснува Португалецот.

Scroll to Top