Еден од најнеобичните трансфери ова лето секако беше заминувањето на легендата на Рома, Даниеле де Роси во тимот на Бока јуниорс, со што Италијанецот го оствари својот животен сон.
Сега, управата на клубот му организираше средба со Диего Марадона во домот на легендата. Де Роси призна дека станал свесен за големината на Бока гледајќи стари видеа за Марадона со што се вљубил во клубот.
Негов сон е да игра на „Бомбонера“, така што откако Рома реши да не му го продолжи договорот, по долго размислување тој се реши на преселба во Аргентина. Самиот Марадона го пофали за одлуката, по што дојде до оваа средба.
Tanos, argentinos, campeones del mundo… Pero, sobre todo, bien bosteros. ?? ????? pic.twitter.com/YnUwhjf0jm
— Boca Jrs. Oficial (@BocaJrsOficial) August 9, 2019