Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години имаше совршена шанса да стигне до голема победа над Израел, но по драматични три продолженија во Удине, Италија, загуби со 99:90 (21:28, 10:18, 14:26, 27:10, 27:18) од Израел.
Македонската репрезентација изгледаше дека ја има контролата на текот на мечот во првите три четвртини, но Израелците се вратија со пеколна последна четвртина и израмнија на 72:72 приморувајќи продолженија.
И таму беше драматично, но во последното продолжение Израелците беа далеку подобри за да стигнат до победа. Ова е втор пораз во Удине, откако претходно не совлада Шпанија, а натпреварите ги завршуваме утре против Летонија.
Фото: МКФ