Top Sport

Актуелниот шампион Селби „излета“ од УК шампионатот

Актуелниот шампион и светскиот снукер играч број 1, Марк Селби загуби во второто коло на УК шампионатот со 6:3 од Скот Доналдсон.

34-годишниот Селби, кој се намачи и во првото коло против аутсајдерот Басем Елтахан, поведе со 2:0, по што почнаа проблемите. Доналдсон, кој е 66-рангиран на светот и немаше победа во 10 меча пред овој турнир, се врати со одлични брејкови од 90, 87, 77 и 84.

Австралиецот Нил Робертсон е во третото коло со 6:2 победа над Кен Доерти, иако почна да губи со 1:2, пред со три „сенчури“ да стигне до победата. Џад Трамп исто така е во третото коло, по 6:0 победата над Крис Вејклин иако немаше повисок брејк од 61.

УК ШАМПИОНАТ, 2.КОЛО

Фу – Жао 6:4

Лајнс – Си 6:2

Пери – Лисовски 6:3

Венбо – Ман 6:1

Мафлин – Вајт 6:2

Трамп – Вејклин 6:0

Мегвајр – Џонс 6:0

Џојс – Гилберт 6:4

Ханг – Милкин 6:4

Хаотиан – Ебдон 6:3

Доналдсон – Селби 6:3

М.Ален – Лајнс 6:4

Вилијамс – Хигинсон 6:2

Робертсон – Доерти 6:2

Scroll to Top