Хери Кејн верува дека Тотенхем има доволно силен тим оваа сезона да стане шампион од Премиер лигата по неколкуте трансфери кои го засилија составот.
Откако загубија од Ливерпул во финалето на ЛШ на крајот на минатата сезона, Тотенхем ја отвори сезоната со кам-бек 3:1 победа над Астон вила во саботата. Тотенхем, кои лани беа четврти, беа втори во 2016/17 и трети во 2015/16 и 2017/18.
Откако 18 месеци не купија фудбалер, Тотенхем го донесоа Танги Ндомбеле (кој стрелаше против Вила), Џовани Ло Селсо и Рајан Сесењон и Кејн вели дека ова е доволно да се предизвикаат Манчестер сити и Ливерпул.
„Останавме со нив доста време лани, но по јануари тие избегаа. Сега, потребен ни е добар старт. Ливерпул и Сити го поставија стандардот и треба да останеме со нив. Веруваме дека можеме да одиме до крај и затоа купивме фудбалери, да ја зголемиме конкуренцијата. Сите сме подготвени за добра сезона. Секако, ова е само почеток, но одиме силно напред“, вели Кејн.