Баерн Минхен се заинтересирани да го донесат Филипе Кутињо како големо засилување на „Алијанц арената“, тврди шпанскиот „Мундо депортиво“.
Тимот на Нико Ковач сака да го засили тимот по заминувањето на неколку клучни фудбалери на крајот на сезоната, како Френк Рибери, Арјен Робен, Хамес Родригез, додека Кутињо се наоѓа во незавидна положба во Барселона од трансферот во јануари 2018 и имаше само пет голови минатата сезона.
Единствен проблем во оваа зделка би биле работи кои не се директно поврзани со Бразилецот, туку со неговиот сонародник Нејмар. Барса се надеваат дека ќе ги убедат ПСЖ на трансфер, а Кутињо би бил дел од договорот и би заминал во ПСЖ.