Top Sport

Погба: За мене Мегвајр е „ѕвер“

Пол Погба го пофали својот нов соиграч Хери Мегвајр, велејќи дека тој е лидер на теренот и дека за него има нов прекар кој го отсликува неговиот карактер: „Ѕвер“.

26-годишниот англиски репрезентативец е најскапиот дефанзивен фудбалер на светот откако Јунајтед платија 80 милиони фунти на Лестер сити. Секако, оваа сума носи притисок, и барем на почетокот тој покажа дека ја оправдува инвестицијата во 4:0 победата над Челси во неделата.

„Јас го викам ’Ѕвер’! Искрено, како што видовте се работи за импресивен фудбалер. Тој е лидер, прв на тренинзите. Зборувавме за контролата на одбраната и тој има одлично разбирање со Виктор Линделоф. Добар старт за целиот тим“, изјави Погба.

Scroll to Top