Светислав Пешиќ знае како се освојува светско кошаркарско злато. Ја предводеше искусниот стручњак репрезентацијата на Југославија до пехарот на СП во Индијанополис, во 2002 година. Неговата селекција на патот до златото го совлада САД предводен од Пол Пирс, Реџи Милер и останатите НБА ѕвезди.
Пешиќ, пред Мундобаскетот кој во Кина ќе започне на крајот на месецов смета дека САД предводени од Грег Поповиќ не се главните фаворити.
„Америка е еден од фаворитите на СП во Кина, но очигледно не е главен фаворит. Тешко е да се каже дали отказите на битните играчи во американската селекција е предност за конкурентите. Американците ќе имаат добра екипа, која ќе ја одликува силната одбрана. И треба да се очекува мотивиран тим“ – вели Светислав Пешиќ.
Тој вели дека и Србија има свои адути и спаѓа во најтесниот круг на репрезентации кои конкурираат за титулата.
„Фаворити за медал, покрај Србија се Шпанија и Грција“ – потенцира Пешиќ.
Светското кошаркарско првенство во Кина започнува на 31 август, а ќе трае до 15 септември.