Менаџерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо не го криел задоволството од начинот на кој неговиот тим го победи Арсенал во Лондон со 3.1.
Јунајтед по повеќе од две години успеа да слави во Лондон и да го задржи чекорот со лидерот на табелата Манчестер Сити.
Натпреварот го обележа црвениот картон кој го доби Пол Погба по стартот врз Хектор Бељерин.
„Не знам. Ви го оставам тоа на вас (новинарите). Ви ја оставам и ситуацијата со Косчелни и Лукаку. Ви ги оставам и играчите на Арсенал на тревата, но веројатно и јас ќе бев таков бидејќи тревата е апсолутно прекрасна“, рекол Мурињо.
Португалецот изненади со Немања Матиќ кој го започна мечот, иако најавите пред дербито беа дека тој нема да биде подготвен.
„Одлично работеше изминатите денови. Неверојатната посветеност на медицинскиот тим кој работеше со него она „можеби ќе игра“ го смени во „да ќе игра“. Беше незивесен но одигра 90 минути. Сепак мислам дека најмногу пофалби требе да добие медицинскиот тим на Арсенал бидејќи Лаказет од „нема да игра“ дојде до „90 минути“ и тоа е сјајно“, нагласил Мурињо.