Top Sport

Гатузо: Подобро да ме прободеа со нож!

Новиот тренер на Милан, Џенаро Гатузо вели би било подобро да го прободат со нож отколку чувството кое го имал откако голманот на Беневенто во 95. минута постигна гол за 2:2 реми.

„Росонерите“ беа шокирани кога Алберто Брињоли со одличен удар со глава го совлада Џиџи Донарума, за да го освојат првиот поен во Серија А по 14 порази на стартот на сезоната.

„Гори! Боли! Подобро ќе беше да ме прободеа со нож. Боли кога примате таков гол. Страдавме во последните 15 минути, но голот беше навистина чуден. Никогаш не би очекувал да примиме гол од голман во 95. минута“, изјави 39-годишниот Гатузо за „Скај спорт Италија“.

Гатузо вели дека ќе се обиде да го „крене“ духот на неговиот играчи.

„Тоа е нашата среќа во моментов. Денеска ќе ги ’лижеме’ нашите рани, но ќе мораме да ја подобриме формата и менталитетот. Можевме да ја развиеме играта многу подобро. Беневенто губеа незаслужено бидејќи се добар тим“, додава Гатузо.

Голманот даде гол, Беневенто освои поен против Милан (видео)

Scroll to Top