Одамна е веќе познато дека Баерн сака на „Алијанц Арена“ да го доведе Лирој Сане од Манчестер Сити, но тешката повреда на брзоногиот офанзивец ја доведе во прашање можноста за преселба во Германија.
Германскиот репрезентативец на мечот на Сити против Ливерпул во Комјунити шилд ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, па пред него е долга пауза поради што беше отфрлена можноста да се пресели кај Баварците.
Меѓутоа, Баерн Минхен има други планови.
Според пишувањето на германски „Билд“, Баерн се уште е одлучен да го купи Сане и подготвен е да го доведе во Минхен и самиот клуб да го лекува.
Сепак, за ова се прашува Сити затоа што екс-играчот на Шалке и Баер Леверкузен е под активен договор со „граѓаните“ до 30 јуни 2021 година.