Top Sport

Први проблеми за Лејкерси, Казинс ги скина лигаментите на коленото

Кошмарен старт на епизодата во Лос Анџелес Лејкерс има познатиот кошаркарски центар, ДеМаркус Казинс (29). Тешката повреда на Ахиловата тетива драстично ја отежна неговата кариера во последните година ипол.

Откако му се скина тој дел од стапалото уште додека го носеше дресот на Њу Орлеанс, тој паузираше речиси една година.
Во јануари годинава искусниот центар заигра за Голден Стејт Вориорс, но ова лето го напушти тимот и се пресели во Лејкерс.

Сепак, и во ЛА му тргна лошо.

Порталот „Атлетик“ објави дека Казинс доживеал кинење на вкрстените лигаменти на коленото. Се очекува да се направат прегледи за да се утврди вистинската дијагноза.

Четирикратниот Ол–стар кошаркар тренирајќи во Лас Вегас морал да го напушти теренот, затоа што почувствувал силна болка во коленото. Претпоставките се дека настрадале лигаментите.

Scroll to Top