Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино вели дека го сака „саркастичниот“ Жозе Мурињо, кој откако беше запрашан кои се фаворитите за титулата од Премиер лигата оваа сезона одговори: „Манчестер сити, Ливерпул, Тотенхем и Б-тимот на Манчестер сити“.
Мурињо, кој до декември беше на клупата на Манчестер јунајтед, очекува Тотенхем да се сериозни кандидати за титулата и Почетино ова го сметаше за комплимент.
„Го сакам Мо! Сите знаеме дека тој е толку умен, понекогаш саркастичен и затоа е еден од најдобрите тренери на светот. Го почитувам неговото мислење, а исто така сум благодарен бидејќи е добро тренер како Мурињо да верува во вашиот потенцијал. Ние ја имаме истата самодоверба, но тој комплимент ни помага да веруваме малку повеќе“, вели Аргентинецот.
Тотенхем имаше убав старт на сезоната со 3:1 победа над Астон вила, во меч во кој во игра влезе и Кристијан Ериксен и покрај шпекулациите дека ќе си замине.
„Ќе видиме. Има само 11 фудбалери кои можат да стартуваат. Задоволен сум од неговата форма и ќе видиме дали ќе биде во форма за следниот меч. Договорот не е важен за мене – исто играм со фудбалери кои имаат една година од договорот и со некој кој има пет години“, додава Почетино.