Мауро Икарди уште има надеж дека ќе игра за Интер оваа сезона, бидејќи е сигурен дека „нераѕурите“ ќе го вратат во составот ако не можат да го донесат босанскохерцеговскиот напаѓач на Рома, Един Џеко.
Новиот тренер на Интер, Антонио Конте уште при доаѓањето објави дека воопшто не смета на фудбалерот кој до неодамна беше капитен на клубот, и засега ги одбил сите барања на Аргентинецот да биде вратен во тимот. Интер го донесоа Ромелу Лукаку и му го дадоа дресот со број 9 на Икарди, и подолго време преговараат за договор со Џеко.
Но, Босанецот веќе беше повикан за пријателски меч против Арецо во сабота, и вестите од Италија велат дека тој сака да остане фудбалер на „волчицата“. Според „Скај спорт Италија“, оваа ситуација му одговара на Икарди, кој верува дека ќе го убеди Конте да му даде шанса.