Хетафе ги наруши надежите на Валенсија дека може да биде најсериозен конкурент за титулата во Шпанија на Барселона, откако и покрај тоа што поголемиот дел од мечот го одиграа со играч помалку ги победија фаворитите со 1:0.
Хетафе во 25. минута останаа со играч помалку, откако Мауро Арамбари доби втор жолт картон по еден остар старт, но тоа не им пречеше да стигнат до импресивна победа со малку среќа.
Маркел Бергара шутираше од дваесетина метри во 66. минута, и топката го смени правецот од еден дефанзивец на Валенсија за да го измами голманот Нето. Дванесетината илјади фанови на стадионот „Алфонсо Перез“ потоа имаа нервозни половина час во кои Валенсија се обидуваше да остане во игра.
На крајот, Валенсија останува на второто место во Ла лига со 31 поен, пет помалку од Барселона. Ниту Реал Мадрид не успеа да го искористи „киксот“ на Барса и 2:2 ремито против Селта, откако одиграа 0:0, и само Атлетико Мадрид, сега на третото место со 30 поени освои максимални три поени овој викенд во Шпанија.