Top Sport

И тоа се случува – судијата се извини бидејќи не досуди пенал

Дефанзивецот на Бурнемаут, Адам Смит доби извинување од судијата Џонатан Мос, откако не беше досуден пенал за неговиот тим и тој доби жолт картон за симулирање во првото полувреме при 1:1 ремито со Саутемптон во неделата.

По фаулот од страна на Софијане Буфал, Мос не му додели пенал на Смит и наместо тоа го казни со жолт картон, но по мечот, тој му се извини на играчот за пропустот.

„Зборував со судијата по мечот и тој ми се извини и призна дека е пенал. Не ми пречи да признае што згрешил, но картонот не може да се повлече и сега ќе го пропуштам следниот натпревар. Да го добиевме тој пенал можеби мечот ќе беше поинаков“, изјави Смит.

Без победник во англиското дерби на јужниот брег (видео)

Scroll to Top