Британскиот супербајк натпреварувач Лук Моси имаше страшно излетување на тестирањето на патеката Кадвел Парк, откако ја загуби контролата на мотоциклот на најпозната кривина, но сепак, остана во доволно добро расположение да го сподели видеото на Интернет.
Патеката, која има прекар „Мини Нирбургринг“ поради сличноста со славната германска патека, има една од најдобрите кривини во светот на мотоспортот, комплекс на кривини која завршува на рид и ја викаат „Планина“ и Моси покажа зошто таа е толку опасна.
Падот го остави Моси со фрактура на ногата, што во основа е минимална повреда ако се смета дека тој возеше над 200 км/ч.
„Бев толку високо што си ја видов куќата“, се пошегува Моси.
So here’s the crash form last night I went that high I could see my house! Look forward to seeing you all at oulton Park in a few weeks! https://t.co/vfcUo6c6BX
— Luke Mossey (@LukeMossey12) August 16, 2019