Top Sport

Зидан не е загрижен: Секогаш има песимисти во Реал Мадрид

Зинедин Зидан вели дека „секогаш ќе има песимисти“ во Реал Мадрид и воопшто не е загрижен за променливите резултати во летните мечеви пред стартот на новата сезона во Ла лига.

Пред стартот на сезоната повторно има „нервоза“ во „кралскиот клуб“, а шпекулациите одат дотаму што велат дека Зидан размислувал да си поднесе оставка. Реал потроши големи пари во текот на летото, носејќи ги Еден Азар, Едер Милисао, Ферлан Менди и Лука Јовиќ, иако Србинот е можно да биде позајмен пред крајот на преодниот рок. Но, најавените големи пристигнувања на Пол Погба од Манчестер јунајтед или Нејмар од Пари Сен-Жермен не се остварија.

Зидан, по поразите од Баерн Минхен, Тотенхем и Атлетико Мадрид (кој посебно болеше бидејќи се работеше за 7:3 доминација), пред мечот против Селта во сабота, тврди дека се работи само за подготовки.

„Секогаш ќе има песимисти. Во Реал Мадрид секогаш ќе биде така. Без разлика дали има добри или лоши резултати, луѓето секогаш ќе се расправаат. Потребни ни се фановите и да им играме забавен и добар фудбал. Тоа е сè што можеме да направиме. Сакаме да почнеме добро и мислам дека сме подготвени. Најважно е што ќе покажеме на теренот“, вели Зидан.

Тој инсистира дека е задоволен од својот состав, иако Реал не успеа да ги продаде Герет Бејл и Хамес Родригез.

„Среќен сум со тоа што го имам. Седнавме и разговаравме за ова. Фудбалерите се тие и ќе работиме со нив. Не можам да зборувам за работи на кои не можам да влијаам. Новинарите нека го прават тоа“, вели Зидан.

Зидан размислува да даде отказ во Реал Мадрид?

Scroll to Top