Барселона ќе се „ослободи“ од Филипе Кутињо, а Баерн Минхен ќе добие големо засилување. Ова е епилогот на „сагата“ околу бразилскиот репрезентативец според каталонското радио „РАЦ1“, кои тврдат дека тој нема да игра против Атлетик Билбао вечерва и овој викенд ќе отпатува во Германија за склучување на договорот.
Слични вести објавува и „ЕСПН Бразил“, кои објаснуваат дека Кутињо ќе игра една сезона како позајмен играч, но без опција за купување на Бразилецот. Барселона се надеваа дека ќе го вклучат Кутињо во преговорите со Пари Сен-Жермен за враќањето на Нејмар на „Ноу Камп“, но сега ќе мораат да ги убедат француските шампиони да го земат Иван Ракитиќ како дел од зделката.