Лионел Меси поради повреда го пропушти поразот на Барселона во Билбао (1-0). Исто така тој не тренираше со соиграчите туку според планот на лекарите работел индивидуално.
Аргентинецот, како што стојат работите, ќе го предводи својот тим на натпреварот против Бетис. Враќањето на Меси е витално за тимот бидејќи во Билбао се повредија Луис Суарез и Усман Дембеле, што значи дека во таква ситуација единствен напаѓач е Антоан Гризман.
Меси напорно работи за да му се стави на располагање на тренерот Ернесто Валверде. Шпанските медиуми објавија кратко видео од тренингот на Меси.
? Messi, entrenando a tope
?? Si recibe el alta… ¿Debe ser titular ante el Betis?
❤️ Sí
? Nopic.twitter.com/p2RnlCncnL— Diario SPORT (@sport) August 21, 2019