Top Sport

Слимани на позајмица во Монако

Ислам Слимани оваа сезона ќе ја мине како позајмен играч од Лестер во Монако, објави на социјалните мрежи клубот од „малото кнежевство“.

Слимани во Лестер пристигна од Спортинг Лисабон, веднаш по сензационалната сезона, во која клубот тогаш предводен од Клаудио Раниери ја освои титулата во Премиер лигата.

Меѓутоа од 2016 година тој не успеа да избори место во тимот, во првата сезона постигнал осум гола на исто толку натпревари, а веќе во следната Лестер им го позајми на Њукасл. Минатата сезона тој ја почна и заврши во Фенербахче.

Scroll to Top