Еден од највлијателните спортски медиуми во светот, францускиот „Лекип“, тврди дека Пари Сен Жермен одбиле спектакуларна понуда од Реал за трансфер на Најмер во Мадрид.
„Лекип“ открива дека Реал за Нејмар понудиле 100 милиони евра и тројца фудбалери: Герет Бејл, Хамес Родригез и Кејлор Навас. Од Париз без размислување ја одбиле понудата.
Нејмар од почетокот на преодниот рок се поврзува со Барселона, меѓутоа Пари Сен Жермен од Каталонците ја бараат сумата што ја платиле за Бразилецот во 2017 година, а која изнесува 222 милиони евра.
Истата сума „светците“ ја бараат и од останатите тимови кои се заинтересирани за Нејмар.
Инаку и покрај тоа што неколку пати изјави дека сака да го напушти ПСЖ, Нејмар се уште не поднел официјално барање за трансфер.
Од друга страна тој минатата недела започнал да тренира со соиграчите, поради што тренерот Томас Тухел најавил дека Нејмар ќе конкурира за место во тимот за мечот в недела против Тулуз.