Top Sport

„Наследникот“ на Болт, Кристијан Колмен пропуштил три допинг-теста!

Кристијан Колмен, најбрзиот човек на 100 метри последните три години, и човек кој требаше да го замени Јусеин Болт, се наоѓа во центар на контроверзи, откако пропуштил три допинг-теста, поради што може да добие казна со која нема да настапи на Светското првенство, но и Олимпијадата во Токио следната година.

Повеќе извори јавија дека 23-годишниот Колмен, кој во 2017 година доби богат спонзорски договор со „Најк“, откако се покажа како најдобар спринтер по пензионирањето на Болт, вели дека еден од пропуштените допинг-тестови во последните 12 месеци не е негова вина.

Според правилата на Американската анти-допинг агенција (УСАДА), пропуштање на три допинг-теста во период на една година носи суспензија од две години. Според американските извори, постојат преговори помеѓу УСАДА и Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) за случајот откако легалниот тим на Колмен тврди дека еден од тестовите не го направил поради лоша организација на тестерите.

Колмен е фаворит кај букмејкерите да ја освои титулата на 100 метри на Светското првенство во Катар следниот месец, покрај неговиот американски сонародник, Џастин Гетлин. Колмен веќе постави нов светски рекорд на 60 метри во сала, а стана и седмиот најбрз тркач на 100 метри со време од 9.79 минатата година.

Scroll to Top