Легендата на Манчетер сити, Винсен Компани се откажа од позицијата тренер на Андерлехт и сега ќе биде само фудбалер на белгискиот клуб по катастрофалниот старт на сезоната, најлош во последните 20 години и по само четири меча.
Компани се врати во својот клуб од детството ова лето, заземајќи улога на фудбалер и менаџер покрај главниот тренер Сајмон Дејвис, но добија огромни критики, посебно откако во меч со Котрајк примија четири гола во едно полувреме.
Компани сега реши да се врати на улогата на фудбалер, исто така преземајќи ја улогата на капитен на тимот од Самир Насри.