Нова студија во Велика Британија покажува дека учениците во средното образование имаат послаби резултати на своите тестови (познатиот GSCE испит) во годините кога на програмата има Светско или Европско првенство во фудбал.
Секако, мора да е тешко да се мисли на оценките кога има мечеви како Германија-Бразил 7:1 во 2014 година, и последната истрага на академиците Роберт Меткалф, Сајмон Барџис и Стивен Прауд покажува дека во сите години од 2000, резултатите се подобри за 12 отсто кога нема фудбал на ТВ како пречка.
Неочекувано, резултати се еднакви и кај момчињата и девојчињата, иако најголем пад (28 отсто) има кај белите момчиња од работнички семејства. За среќа следното СП во Катар во 2022 година ќе биде во текот на зимата.