Top Sport

Ливерпул ќе го обновуваат вечниот „Енфилд“

Ливерпул објавија дека планираат „амбициозен“ проект за обнова на нивниот стадион „Енфилд“, посебно на трибината „Енфилд роуд“, откако пред три години ја обновија „Главната трибина“.

Како дел од процесот, шесткратниот европски шампион, заедно со локалната заедница и акционерите во клубот ќе направат план кој ги „следи амбициите и аспирациите на клубот“. Со ова обновување, „Енфилд“ ќе го зголеми капацитетот над 60.000 седишта.

Неверојатниот „Енфилд“ е дом на Ливерпул од формирањето на клубот во 1892 година, а исто така беше дом и на градските ривали Евертон, пред тие да се преселат на „Гудисон парк“.

Scroll to Top