Кристијано Роналдо открил дека во минатото бил блиску до трансфер во Арсенал. Во 2003 година како голем талент Кристијано Роналдо од Спортнг Лисабон се пресели во Манчестер Јунајтед.
Роналдо открил дека во тој период малку недостигало да потпише за Арсенал кога менаџер на клубот бил Арсен Венгер.
„Имав состанок со Венгер и размислував да се преселам во Арсенал. Но во тој период имав преговори со Валенсија, Интер, Реал, а и со Барселона“, рекол Португалецот за „ТВИ“.
„На крајот се се смени по еден натпревар што го играв против Манчестер Јунајтед. Работите веднаш станаа сериозни, преговорите се интензивираа и на крајот потпишав договор“.
Останатото е историја od 2003 до 2009 година Португалецот за Манчестер Јунајтед одиграл 196 натпревари и постигнал 84 гола, а потоа во Реал од 2009 до 2018 година постигнал 311 гола на 292 натпревари. Од минатата сезона Роналдо е играч на Јувентус.