Top Sport

САД паднаа во Австралија (Видео)

Кошаркарите на Австралија ги совладаа САД 98:94, во подготвителен натпревар. Дуелот на „Марвел“ стадионот во Мелбурн го следеа 52.000 гледачи.

„Кенгурите“ во второто полувреме постигнаа 50 поени и успеаја по пауза од 55 години и 26 порази да ги совладаат Американците. Претходно Австралија победила во 1964 година.

Меч-винер беше Пети Милс кој постигна 30 поени. Одличен меч одиграа Ендру Богут (16 поени, 9 скока), Џо Инглс (15 поени, 7 скока) и Арон Бејнс (13 поени).

Кај САД се истакнаа Кемба Вокер со 22, Херисон Барнс со 20 и Донован Мичел со 12 поени.

Scroll to Top