Кајл Кузма нема да биде дел од репрезентацијата на САД, на Светското првенство во Кина. Играчот на Лос Анџелес Лејкерс шампионатот ќе го пропушти поради повреда. Кузма го повредил зглобот поради што го пропушти вториот контролен меч со Австралија кој Американците го загубија 98-94.
Како што објави новинарот на „Њујорк Тајмс“, Марк Стаин, неколку часа по мечот со Австралија стручниот штаб на американската репрезентација донел одлука Кузма да се врати дома.
Тоа значи дека бранителите на трофејот останаа со 12 играчи во тимот.
Тимот што ќе ја претставува САД на првенството во Кина изгледа вака: Кемба Вокер, Дерик Вајт, Маркус Смарт, Донован Мичел, Џејсон Тејтум, Крис Мидлтон, Џо Хери, Џејлен Браун, Херисон Барнс, Брук Лопез, Мајлс Тарнер и Мејсон Пламли.
Од почетокот на подготовките селекторот Грег Поповиќ се соочи со бројни откази од разни причини поради што тимот што ќе ја брани титулата е далу послаб од она што го очекуваше кошаркарската јавност.
СП во Кина ќе започне на 31 август, САД се во група со Чешка, Турција и Јапонија.