Top Sport

Пресврт, Нејмар ќе остане во ПСЖ

Сагата околу трансферот на Нејмар ќе добие неочекуан крај. Бразилецот кој највеќе се поврзуваше со Барселона и Реал Мадрид ќе остане во Пари Сен Жермен.

Нејмар на почетокот на преодниот рок јавно порача дека сака да го напушти Париз и сагата околу неговиот трансфер ги полнеше спортските медиуми ова лето. Барселона и Реал испратија неколку понуди за Бразилецот, ПСЖ сите ги одбија.

ПСЖ за својот играч бараа само пари и тоа сума од 222 милиони евра. Реал и Барселона нудеа разни пакети, кои вклучуваа одредени суми на пари и одредени играчи.

„Нема повеќе војна помеѓу двете страни. Тие последните недели повторно разговараат цивилизирано“, објави „Лекип“ повикувајќи се на неименуван извор.

ПСЖ в недела ќе играат против Тулуз, а се очекува Нејмар да биде во составот.

Scroll to Top