Квотербекот на Индијанаполис колтс, Ендру Лак изненади со објавата дека се пензионира од НФЛ по само седум години и шест сезони во спортот, на само три недели пред неговиот 30-ти роденден.
„Ова не е лесна одлука, дури можеби е најтешката одлука во мојот живот, но мислам дека е исправма. Последните четири години бев во циклус на болка, повреди, болки, рехабилитација. Нема застанување, во текот на сезоната и по неа. Единствено решение е да престанам да играм. Веќе ја нема радоста за играта“, изјави Лак по поразот во меч од пред-сезоната од Чикаго.
Лак се мачеше со повреда на скочниот зглоб последните четири месеци, а претходно пропушти дел од сезоните 2015 и 2016 и целата сезона 2017 поради повреда на рамото. Лак беше прв избор на драфтот во 2012 година и се сметаше за најдобриот квотербек на Колтси по Пејтон Менинг. Тој помогна Колтси да влезат во плеј-офот во своите први три сезони, а во 2014 играа во АФЦ шампионатот.