Top Sport

Абрахам: Се надевам дека критичарите ќе замолчат

Теми Абрахам вели дека слабиот старт на сезоната на Челси само го мотивирал повеќе, откако напаѓачот постигна два гола при 3:2 победата над Норич во саботата.

Новиот менаџер, Френк Лампард целосно му верува на 21-годишниот Англичанец, заедно со Мејсон Маунт, за конечно, Челси да ја забележи првата победа до сезоната. Абрахам, кој лани ја помина сезоната како позајмен фудбалер на Астон вила, вели дека критичарите само го мотивале повеќе.

„Знаев дека имавме лош старт на сезоната, но јас сум човек кој не дозволува тоа да го спречи да оди понатаму. Тоа само ме мотивираше. Сега, имам два гола, и се надевам дека ќе продолжам да стрелам за Челси. Тоа е фудбалот и мора да уживам во мојата шанса. Фудбалерите немаат долга кариера, така што мора да го направат своето бргу“, вели Абрахам.

Челси се враќаат на „Стемфорд бриџ“ следната недела против уште еден нов премиерлигаш, Шефилд јунајтед, по што следува интернационалната пауза, па тешките дуели со Вулверхемптон и Ливерпул.

Scroll to Top