Ник Њуел ја забележи својата деби победа во ММА организацијата Белатор, откако во првата рунда го примора Кори Браунинг на предавање пред бучната домашна публика во Конектикат.
Њуел, кому му е ампутирана левата рака под лактот, беше импресивен победувајќи го Браунинг со давење по 3:15 во првата рунда на Белатор 225 во Бриџпорт. 33-годишниот Њуел дебитираше во Белатор со договор за еден меч, откако не успеа да ја искористи шансата да влезе во УФЦ федерацијата по поразот од Алекс Муњоз во квалификациите минатата година.
Nick Newell shines in his #BellatorMMA debut ?#Bellator225 results: Nick Newell def. Corey Browning via submission (arm-triangle choke) – Round 1, 3:15.
Newell has won 5 of his last 6 bouts.
— ON: MMA (@OnMMA) August 25, 2019