Top Sport

Де Лихт разочаран: Навистина не очекував дека ќе бидам на клупата

Новото засилување на Јувентус, Матијс де Лихт признава дека не очекувал да биде на клупата за првиот меч од сезоната во Серија А против Парма, со што се најде во необична ситуација, откако до лани беше капитен на тимот на Ајакс.

20-годишниот Холанѓанец дојде во Торино за 85.5 милиони евра, но тренерот Маурицио Сари реши да го остави на клупата и тој можеше само да гледа како неговиот тим стигна до тешка 1:0 победа.

„Секако, повеќе сакав да играм и не добив знаци на тренинзите дека ќе бидам на клупата. Но, морам да ја почитувам одлуката на тренерот. Морам да бидам реален, бидејќи уште се навикнувам тука во Италија. Дефанзивците кои играа, Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини долго време се сметаа за најдоброто партнерство на светот. Морам да го заработам местото во првиот тим. Дефанзивно, мојата работа не е поинаква од таа која ја работев во Ајакс. Прво е најважно да научам италијански и затоа одам на курс пет пати во неделата“, вели Де Лихт во интервју за холандскиот весник „АД“.

Scroll to Top