Француските медиуми објавија дека повредата со која се здоби на мечот со Тулуз ќе го одвои Килијан Мбап еден месец од фудбалските терени.
ПСЖ го победија Тулуз со 4-0 во третото коло, во првенството на Франција, а Мбапе теренот го напушти во 66 минута.
Утрово Мбапе бил на прегледи ви болницата во Париз. Француските медиуми тврдат дека повредата била сериозна и дека напаѓачот ќе биде надвор од терените три до четири недели.
Тоа значи дека Мбапе нема да игра во квалификациите за Франција против Албанија и Андора, а ќе го пропушти и првото коло во Лигата на шампионите.
Инаку, на натпреварот со Тулуз се повреди и Единсон Кавани. Се уште нема информации за каква повреда станува збор.