Top Sport

Ачерби – „Железниот човек“ на Серија А

Франческо Ачерби 31 годишниот фудбалер на Лацио синоќа во Џенова прекина низа која веројатно никој никогаш нема да ја достигне. Во победата на Лацио над Сампдорија (3-0) Ачерби е заменет во 70 минута. Такво нешто не му се случило шест години во Серија А.

Последен пат Ачерби бил заменет на 3 март 2013 година кога бил играч на Киево.

Ачерби е италијански рекордер и според бројот на последовни настапи во Серија А. Тој 149 пати одиграч цел натпревар, а низата ја прекина минатата сезона кога против Наполи поради два жолти картони мораше да излезе од теренот.

„Железниот човек“ на Серија А настапувал за Киево, Реџина, Џенова, Милан, Сасуоло и Лацио.

Scroll to Top