Од втората српска лига ни доаѓа уште еден „интересен“ момент, овојпат од мечот помеѓу Металац и ОФК Бачка, каде по неспортски постигнат гол се случи општа тепачна на теренот.
Откако еден гостински фудбалер остана да лежи на теренот со повреда, се очекуваше дека играта ќе застане, но голманот на Металац ја исфрли топката, а Никола Грбовиќ се стрча кон голот и лесно постигна гол.
По ова се случи хаосот. Речиси цел тим на Бачка го бркаше Грбовиќ, а во конфликтот се вклучија и домашните фудбалери. Прекинот траеше 15 минути, а црвени картони добија двајца фудбалери на Бачка, еден на Металац, како и тренерот на домашниот тим. На крајот мечот заврши 2:0.