Top Sport

САД опен: Бушар загуби 12-ти меч во низа, Типсаревиќ го одигра последниот гренд слем

Поранешната финалистка од Вимблдон, Канаѓанката Јуџини Бушар доживеа 12-ти пораз во низа откако во првото коло на САД опен беше поразена со 6:3/6:3 од 12. носителка, Анастасија Севастова.

Бушар повторно се мачеше со прецизноста, направи 27 неизнудени грешки и 4 двојни сервис грешки на Теренот број 5, додека минатогодишната финалистка Севастова ги казнуваше сите нејзини грешки. Бушар, која во 2014 беше на петтото место на ВТА листата се мачи цела сезона и е на 119. место на ВТА-листата.

Свој последен гренд слем меч одигра српскиот ветеран Јанко Типсаревиќ, кој неодамна најави дека се повлекува од спортот по Дејвис куп финалето на крајот на сезоната. Србинот започна добро, но на крајот загуби со 3:6/6:1/7:6(5)/6:1 од Американецот Денис Кудла.

САД ОПЕН, 1.КОЛО

МАЖИ

Лајовиќ – Дарси 7:5/6:3/6:3

Буксби – Бердих 6:1/2:6/6:4/6:4

Кудла – Типсаревиќ 3:6/6:1/7:6(5)/6:1

Клен – Монтеиро 6:3/6:2/6:3

Нишикори – Трунгелити 6:1/4:1 пред.

ЖЕНИ

Болквадзе – Пера 6:3/5:7/6:4

Жабер – Гарсија 7:6(8)/6:2

Мартиќ – Зиданшек 6:4/4:6/6:1

Петерсон – Пуиг 6:3/6:3

Богдан – Дарт 6:3/6:1

Севастова – Бушар 6:3/6:3

Кар.Плишкова – Мартинцова 7:6(6)/7:6(3)

Барти – Дијас 1:6/6:3/6:2

Гаспарјан – Хон 7:6(4)/6:4

Александрова – Стосур 6:1/6:3

Scroll to Top