Top Sport

Лукаку дебитираше со гол, Интер го „сомле“ Лече (видео)

Ромелу Лукаку го одбележа своето деби во конкурентен меч за Интер со гол, помагајќи „нераѕурите“ да стигнат до 4:0 победа над новиот прволигаш Лече во последниот меч од првото коло во Серија А.

Првпат под водство на Антонио Конте во Серија А, Интер го „реши“ мечот уште во првото полувреме, откако прво Марцело Брозовиќ во 21. минута постигна убав гол, за само три минути подоцна Стефано Сенси за зголеми на 2:0.

Победникот можеби беше јасен, но сите навивачи на Интер чекаа да видат што ќе донесе новото засилување од Манчестер јунајтед, и Лукаку не разочара, откако во 60. минута од мечот по една одбиена топка, лесно го совлада противничкиот голман, по што им се поклони на навивачите на Интер.

Мизеријата на Лече продолжи откако Антонио Кандрева во 84. минута ги постави конечните 4:0 за убедлив старт на ерата на Конте на „Џузепе Меаца“.

Scroll to Top