Серена Вилијамс го доби дербито на првото коло против Марија Шарапова. Дуелот на двете поранешни шампионки на Ју-Ес опен Американката го доби со убедливи 6:1, 6:1.
Како и многу пати во минатото, Шрапова апсолутно не можеше да ис спротивстави на Серена, која агресивно играше од првиот поен на мечот.
На крајот Серена ја забележа 20 победа во 22 меч против Шарапова. Она што сигурно највеќе ја боли Русинката е што ова беше 19 пораз во низа што го доживеа од помладата од сестрите Вилијамс.