Top Sport

Марота и Конте и одговорија на Ванда Нара: За Икарди нема место во Интер

Изјавите Ванда Нара дека нејзиниот сопруг и клиент Мауро Икарди ќе остане во Интер ги налутија извршниот директор Бепе Марота и тренерот Антонио Конте.

Изминатите денови Ванда Нара изјавуваше дека нејзиниот сопруг ќе остане во Интер и дека тоа и го ветил сопственикот Стевен Жанг.

„Сега тој не добива шанса кај Конте, но можеби тоа ќе се смени. Не чекам ништо. Можеби некој му кажал дека останува. Кој? Можеби човекот што го води клубот“, рекла таа во емисијата „Тики Така“.

На ова изјава веднаш реагирале најпрвин Марота, а потоа и Конте.

„Сметаме дека изјавите на Ванда Нара се иритирачки. Поради начинот и моментот во кои се дадени. Катгорично тврдам дека никој од клубот не му рекол на Икарди да остане во Интер, а особено тоа не го направил претседателот Жанг. Стратегијата на Интер е прецизна и ние на време ја објавивме. Ние продолжуваме со работата, тука никој ништо не може да смени“, рекол Марота.

Сличен одговор околу судбината на Икарди на новинарите синоќа, по мечот со Лече им дал и тренерот Конте.

„Марота јасно одговори на тоа прашање. Во минатата сезона имавме неколку клучни играчи, на тројца им дозволивме да заминат, а тоа се Перишиќ, Наинголан и Икарди. Тоа е тоа“, рекол тренерот на Интер.

Scroll to Top