Македонскиот интернационалец Виктор Ангелов (25) потпишал договор со Широки Бријег на чија клупа до пред еден месец седеше Гоце Седолски. Ангелов во Мостар пристигнал како слободен играч, а со клубот потпишал едно годишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.
Ангелов е роден во Дортмунд, каде и ја започнал кариерата во младинските категории на Борусија. Како сениор настапувал за Работнички, Тетекс, Металург, Ујпешт и Шкупи.
„Среќен сум што потпишав за Широки. И претходно, додека овде тренер беше мојот сонародник Гоце Седлоски, имаше преговори за мојот трансфер, соработката ја финализиравме дури сега. Слушнав многу убави зборови за клубот, ги знам амбициите, со години е во врвот на фудбалот во БиХ, дојдов да помогнам клубот да го оствари зацртаните цели“, рекол Ангелов.