Ирвинг Лозано вели дека Наполи бил неговиот „прв избор“ и дека пристигнал на „Сан Паоло“ да влезе во историјата и воопшто не му пречи што е рекордно засилување за клубот од југот на Италија.
Лозано, конечно, беше претставен како фудбалер на Наполи по трансферот од 40 милиони евра од ПСВ Ајндховен, како најскапо засилување во историјата.
„Пресреќен сум што дојдов тука и што бев прв избор на Карло Анчелоти. Ова е мојата голема шанса и имам огромна желба да успеам. Преговорите беа долги, но кога дознав дека има интерес, Наполи беа првиот избор. Сум гледал многу италијански фудбал и тоа секогаш е фудбал полн со шампиони. Имаме прекрасен тим и можеме да бидеме подобри. Клубот има славно минато и тука сум да влезам во историјата. Италијанскиот фудбал е поинаков од холандскиот – подобар, побрз и потежок“, вели Лозано.
Популарниот Чаки потоа зборуваше за Хуго Санчез, најголемиот мексикански фудбалер кој играл во Европа.
„Тој е идол за сите Мексиканци. Се надевам дека ќе одам по неговите стапки, но ме чека многу работа“, вели Лозано.
? @HirvingLozano70 “È un onore essere al Napoli. Darò il massimo per la squadra, voglio vincere con questa maglia” ?? https://t.co/UEabovS1gg
? #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/hbCNgrAILn— Official SSC Napoli (@sscnapoli) August 27, 2019