Top Sport

Пике и Видал освоија речиси половина милион евра на покер-турнир! (видео)

Жерард Пике и Артуро Видал во понеделникот освоија речиси 500.000 евра на турнир од Европската покер турнеја.

Пике беше втор во „хај ролер“ сингл конкуренција во „Казино Барселона“, само еден ден откако помогна неговиот клуб да дојде до 5:2 победа над Реал Бетис. Тој заработи 352.950 евра, но загуби од сонародникот Хуан Пардо во конкуренција на 70 покераши.

„Пресреќен сум, очигледно ми одеше. Но, бев како мало дете покрај Пике и Видал на масата“, изјави шампионот Пардо.

И Видал не беше лош – освојувајќи 134.460 евра со петтото место на турнирот, комплетирајќи ја одличната недела, откако го постигна последниот гол при 5:2 победата над Бетис.

Scroll to Top