Top Sport

Супер Глоуб: Кил ја „реши домашната“ со Замалек, сега чека на Вардар (видео)

Германски Кил ќе биде противникот на скопски Вардар доколку ракометарите на македонскиот и европски ракометен шампион вечерва во 19 часот го совладаат домашниот тим на Ал Мадхар на ИХФ Супер Глоуб што се игра во Саудиска Арабија.

Попладнево германскиот ракометен гигант со 32-28 славеше победа против тимот на Замалек откако претходно, во првиот меч на турнирот беа подобри и од Сиднеј откако со „вајлд-карта“ добија можност за учество на натпреварувањето.

Иако првиот дел од денешниот меч покажа доминација на Германците, сепак во вториот дел не одеше се така подмачкано за фаворитите. Египетскиот тим во вториот дел пружи силен отпор, но се чини искуството си го направи своето, па Кил сега го чека потегот на Вардар за интересно полуфинале, на Супер Глоуб.

Најефикасни во победничката екипа беа Швеѓанецот Екберг и Билик со по 9 погодици, а кај Замалек по шестпати прецизно биеја Сад и Елдера.

Доколку Вардар вечерва ја оправда фаворитската улога, полуфиналниот меч против Кил ќе го игра утре од 16.20 часот.

Scroll to Top