Top Sport

Вардарци лесно со Саудијците, следува бундеслигашки „тест“ со Кил

Вардар лесно со го совлада саудискиот клуб Ал Мудар со 34:27 (17:12) за да се пласира во полуфиналето на ИХФ Супер глобот, каде што противник ќе му биде германскиот Кил, кој со 32:28 беше подобар од египетскиот Замалек.

Саудискиот клуб не беше сериозен противник за актуелниот европски шампион, и „црвено-црните“ од почетокот ја презедаа контролата на мечот, постигнувајќи голови по желба. На полувреме се отиде со предност од пет гола (17:12), а во второто полувреме тренерот Давид Писонеро имаше шанси да експериментира со тимот и во исто време да ја заддржи силата на тимот за посериозниот тест со бундеслигашот Кил, дозволувајќи им на Саудијците да се доближат резултатски откако разликата беше и 11 гола.

Тимур Дибиров беше најефикасен со шест постигнати голови, Дисингер и Чупиќ додадоа по пет, а Даинис Криштопанс имаше четири гола.

Во второто полуфинале на турнирот ќе се сретнат актуелниот шампион, Барселона и уште еден саудиски клуб Ал Вахда, откако каталонскиот гигант со 38:26 го победи катарскиот клуб Ал Духаил. За Барселона дебитираше поранешниот вардарец, Лука Циндриќ, кој постигна четири гола.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top