Top Sport

Тапанарот на Пинк Флојд ги спаси Болтон Вондерерс од ликвидација

Конзорциумот „Фудбалски потфат (Бели)“ го спаси од ликвидација фудбалскиот клуб Болтон Вондерерс. Конзорциумот го комплетирал сопствеништвото над клубот и спречил да згасне клуб со 145 годишна историја.

Клубот во изминатиот период се соочи со огромни финансиски проблеми, играчите со месеци не ги добиваа своите плати, а на крајот едвај составија екипа за настап во Лига 1 (трет ранг на англискиот фудбал).

Поради долговите им се закануваше исфрлање од лигата и ликвидација. Мораа да најдат нов сопственик и на крајот тоа и се случи.
Според англиските медиуми еден од членовите на конзорциумот под чија сопственост сега е Болтон е и некогашниот тапанар на легендарната група „Пинк Флојд“, Ник Мејсон.

Болтон Вондерерс е клуб основан во 1888 година, три пати во историјата го освоил ФА купот, а минатата сезона испадна од Чемпионшип дивизијата. Последен пат во Премиер лигата клубот играл во 2012 година.

Scroll to Top