Top Sport

Наредната година ќе се возат рекордни 22 трки

Светската автомобилистичка федерација (ФИА), во четвртокот, потврди дека наредната сезона ќе се возат рекордни 22 трки.

Во календарот што го објави ФИА има две нови патеки, во Холандија и Вијетнам. Од трките што се возат оваа година отпадна само Големата награда на Германија.

Сезоната 2020 ќе стартува во Австралија на 15 март, а според традицијата воспоставена изминатите неколку години, ќе биде затворена на 29 ноември во Абу Даби.

Челниците на Формула 1 рекле дека нивната намера била во иднина да се возат 24 трки, но дека за да донесат таква одлука требало да добијат согласност од тимовите.

Календарот за 2020 година:

Scroll to Top