Жрепката за фудбалската Лига на шампиони почнува за неколку минути, а таа може во иста група да ги смести хрватски Динамо Загреб и белградска Црвена Звезда. Многумина сметаат дека двобој на старите ривали би донел висок тензија, инциденти, оган, но така не мисли прославениот хрватски тренер, Мирослав Ќиро Блажевиќ.
„Ги следев сите мечеви на нашите клубови и многу сум задоволен што Звезда и Динамо ќе играат во ЛШ. Секако, одлично би било да дојдете во Загреб, не очекувајте никакви инциденти. Тоа е за умоболни луѓе кои се небитни во оваа спортска приказна, дојдете во Загреб и ќе биде спектакл. Ова поднебје дало два клуба во најсилното европско натпреварување и многу сум среќен поради тоа, нашиот фудбал се врати таму каде што припаѓа“ – вели Блажевиќ за српски „Курир“.
Кога српските новинари го прашаа за коментар за поставувањето на тенк пред стадионот на Звезда во Белград, односно трактор пред „Максимир“ во Загреб, тој кратко одговори, во негов стил:
„Баталете трактор и тенк, ние сме спортисти и не признаваме примитивни испади на поединци“.