Стивен Ворнок, поранешен фудбалер на Ливерпул, со своето непознавање ги навредил фудбалерите на Црвена ѕвезда, нарекувајќи ги „полу-професионалци“ и „водоводџии“.
Фудбалерот бил гостин во ТВ-емисија и ја анализирал групата во која се наоѓа Тотенхем во Лигата на шампионите, а во која покрај Црвена ѕвезда се уште Баерн Минхен и Олимпијакос.
„Тоа таму е многу непријателско место. Тие се полу-професионалци, кои имаат и други работи. Имам многу играчи кои се водоводџии и кои се занимаваат со слични работи“, рекол Ворнок.
Ваквата несериозна и потценувачка анализа бргу стигнала и до Белград. Од Црвена ѕвезда на „Твитер“ му одговориле на играчот кој во кариерата настапувал за Ливерпул, Астон Вила, Блекбурн, Лидс…
„Би можеле да вработиме калфа, доколку барате работа“, одговориле од редовите на српскиот шампион.
Инку Црвена ѕвезда ќе гостува во Лондон на 22 октомври, а веќе во наредното коло ќе ги пречека Тотенхем.
Seriously. pic.twitter.com/vbuVsmsbTC
— FK Crvena zvezda in English (@crvenazvezda_en) August 29, 2019